| | |

(Видео) Пендаровски: Го гледам потписот на режимот на Слободан Милошевиќ во атентатот врз Киро Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во интервју за албанската „Лајм ТВ“, изјави дека го гледа потписот на режимот на Слободан Милошевиќ во атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, што се случи на 3 октомври 1995 г.

„Колку повеќе ги разгледувам деталите, толку појасно гледам потпис на режимот на Слободан Милошевиќ,“ рече Пендаровски, потсетувајќи дека Белград токму тогаш бил притиснат од санкции и меѓународна изолација, а независна Македонија почнувала да добива западна поддршка.

Според него, „квалитетот на експлозивот, професионалната изведба и геополитичкиот контекст“ укажуваат дека нарачателот не можел да биде никој друг освен „службите на Милошевиќ“. Пендаровски тврди дека дел од службените досиеја и натаму се затворени, но „времето работи за вистината“ и дека меѓународниот притисок би можел конечно да донесе одговори.

Коментирајќи ја актуелната политичка сцена, екс‐претседателот предупреди дека „политиката на вечни непријатели“ ги блокира институциите и ја оддалечува земјата од европската агенда. „Она што ни го направија деведесеттите, сега си го правиме самите“, оцени Пендаровски и додаде дека „политичкиот дијалог мора да се врати пред изборниот циклус 2026“.



Слични Објави