Економијата на Бугарија пораснала 3,5 пати по членството во ЕУ
Бугарија учествувала со 0,6 отсто во вкупното економско производство на Европската Унија во 2025 година, со што се наоѓа на 19. место меѓу земјите членки според големината на бруто-домашниот производ, покажуваат најновите податоци на Евростат, пренесува 24 часа.
Бугарскиот БДП достигнал речиси 116,02 милијарди евра во 2025 година, наспроти 32,46 милијарди евра во 2007 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ. Тоа претставува номинален раст од 257,4 отсто.
Уделот на Бугарија во економијата на Унијата во истиот период се удвоил – од 0,3 на 0,6 отсто.
Според Евростат, економијата на Бугарија во периодот 2007–2025 година растела околу три и пол пати побрзо од економијата на ЕУ во целина.
Во 2025 година десет земји членки учествувале со помалку од еден отсто во вкупниот БДП на ЕУ. Најмал удел имала Малта со 0,1 отсто, додека Бугарија била пред Хрватска и Луксембург, кои имале по 0,5 отсто.

