|

Гаши ги распиша предвремените избори за градоначалник на Брвеница за 18 октомври

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври.

Тој очекува од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите надлежни органи изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законите и процедурите.

„Ги повикувам сите кандидати и политички субјекти изборната кампања да ја водат достоинствено, натпреварувајќи се со програми, идеи и визија за развојот на општината, а не говор што поттикнува поделби или постапки што ја нарушуваат довербата на граѓаните во демократскиот процес“, порача Гаши.

Тој ги повика и граѓаните на Брвеница да учествуваат на изборите и да го остварат своето демократско право, придонесувајќи за мирен, уреден и кредибилен изборен процес.

Гаши изрази уверување дека изборите ќе ја потврдат демократската зрелост на институциите и граѓаните.

 

Слични Објави