| |

Градот Симитли во Бугарија на 5 септември по шести пат ќе го организира фестивалот „Со леб, вино и песна“

Симитли на 5 септември 2026 година по шести пат ќе биде домаќин на Националниот фолклорен фестивал „Со леб, вино и песна“, кој ќе се одржи на плоштадот „Септември“, соопшти Општина Симитли, пренесува Пиринско.

На фестивалот ќе настапат машки и женски пејачки состави од различни делови на Бугарија, кои ќе претстават традиционални народни песни и обичаи.

Настанот е дел од програмата по повод Денот на градот Симитли, кој се одбележува на 8 септември.

Во рамки на фестивалот ќе биде организирана и кулинарска изложба со учество на локални културни центри, производители, готвачи и занаетчии. Посетителите ќе можат да видат и да вкусат традиционални специјалитети и локални производи, како и да разгледаат рачно изработени занаетчиски производи.

Организатор на фестивалот е Општина Симитли, со поддршка на фестивалскиот менаџер Љубомир Марјански.

Слични Објави