ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР ПЛАЌАЛ ВРАБОТЕНА КОЈА МЕСТО НА РАБОТА ОДЕЛА ВО ПАРТИЈА

//

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против поранешниот в.д. директор на Централен регистар Андреа Поповски и против уште 4 лица, соопшти ОЈО, пренесува НОВА ТВ.

Поповски е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, додека останатите четири лица се осомничени за помагање при извршување на истото кривично дело.



Како што соопштија од ОЈО Поповски во периодот од 16.12.2014 година до 29.05.2017 година, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи кои ги изготвувало Одделението за човечки ресурси, иако бил свесен дека цело време вработената воопшто нема да доаѓа на работа, туку ќе биде ангажирана за партиски активности на една политичка партија.

Претходна статија

П. САРАЧИНИ: МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛ-ШОВИНИСТИ СЕ ОНИЕ КОИ ГИ БРИШАТ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

Следна статија

АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ВО БУЈУКЧЕКМЕЏЕ, ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА

Најново од Вести