ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА ТОНИ ТРАЈКОВСКИ БАРА ЈАНЕВА ДА СЕ ИЗЕМЕ ОД СЛУЧАЈОТ ТНТ

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, јавува Плусинфо.

Пред почетокот на судењето, веднаш по констатирањето на присутните претседателот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев рече дека на една минута пред да влезе на судење добил барање за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесено од обвинетиот Тони Трајковски.

Ставрев рече дека денешното судење ќе продолжи, а судот дополнително ќе се изјасни по барањето, кое како што рече, немал време да го разгледа.