ОДЛОЖЕНО СВЕДОЧЕЊЕТО НА РУСТЕМИ ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“

Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми сепак денеска нема да даде исказ во обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет”, иако првично беше најавено негово сведочење.

Одложувањето на распитот, кој најверојатно ќе се случи утре, се должи на неговите обврски на денешното рочиште за случајот „ТНТ“, кој што го води Рустеми.

Откако од почетокот на неделава искази за случајот дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера информираа дека согласно утврдениот план се преземаат истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет” и дека е во тек финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба.