АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ-ИСТОРИСКА ФИГУРА КОЈА ПРИПАЃА НА АНТИЧКАТА ХЕЛЕНСКА ИСТОРИЈА…

Започна поставувањето ознаки на спомениците согласно Договорот од Преспа, јавува Плусинфо.

„Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, стои на  ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје.

Поставена е и ознака на споменикот на Олимпија, на плоштадот и парк Ибни Пајко и таму пишува: „Во чест на Олимпија, историска фугура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно историско наследство“.