ВМРО ДПМНЕ : НАМЕСТО ПРОЕКТИ ЗА МЛАДИ, СДСМ СПРОВЕДУВА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА

Вести Истакнато Македонија

Најголеми жртви на штетните и антидржавни политики на СДСМ се токму младите. Младите од оваа власт за повеќе од година дена колку што СДСМ е на власт видоа единствено уназадување. СДСМ не оствари ниту едно ветување кон младите, а дополнително им ги ускратија и оние бенефиции за младите кои никогаш не ги ветија.

Наместо проекти за младите, СДСМ спроведува партиски вработувања, ја преполнува јавната администрација со нови 6 илјади партиски послушници, а товарот за овие вработување ќе падне на грбот на граѓаните. Младите се погодени и од катастрофалната состојба во образованието, а особено поразителен е фактот што ниту еден македонски универзитет не се најде во најдобрите илјада универзитет според Шангајската листа.

Нема иднина без квалитетно образование, нема напредок со универзитети исклучени од оваа листа.

Македонија доживува порази на секое поле, а главен виновник за ваквата состојба е владата на СДСМ и Зоран Заев. Патот кон ЕУ и НАТО единствено е блокиран од клептоманството на актуелната власт, од коруптивните скандали, криминалните тендери и грантови. Напредокот на државата е блокиран од партиските вработувања и користењето на буџетската сметка за исплата на партиските послушници.

На патот на евроатлантските аспирации на Македонија, стои само еден човек, Зоран Заев. Човек кој ја зароби државата, го партизираше судството, кое наместо да го гони криминалот служи за амнестирање на високите партиски и државни функционери на СДСМ. Животот во Македонија ќе дојде во моментот кога Зоран Заев ќе замине во политичка пензија, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.