МИЦКОСКИ: СДСМ НЕМА НАПРАВЕНО НИШТО ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ЛОЗАРИТЕ
Денеска ние имаме реален проблем во Тиквешијата. Имаме од две винарии ненаплатени побарувања од страна на лозарите за продаденото грозје тоа е некаде од висина на милион и двеста во вкупен износ, 600.000 евра од едната винарија, 600.000 евра од другата винарија. Ветувано им е за време на предизборието од тогашниот технички министер, кој што сега е практично министер во ресорот за земјоделие. Но гледаме дека реалноста е сосема поинаква. Воопшто ништо не се случува. Напротив, повторно имаме некои нови ветувања, нови одложувања на решавања на овој проблем.
Вториот проблем кој што исто така денеска го разговаравме кој што е сериозен е исплатата на обесштетувањето од замрзнатите лозови насади, односно од студовите кои што се случија пред некоја година. Во вредност процентуално од онаа која што им беше ветено или од 80% до 100%, исплата е сега од вредност од 3% што е навистина понижувачки кон овие луѓе. И навистина е некоректно и нечестито.
Третата работа која исто така денеска ја дискутиравме е акцизата која планира оваа влада повторно со нови давачки, со нови даноци да врши репресија врз граѓаните во Република Македонија. Овој пат тоа ќе го прави врз производителите на ракија во вредност од 30-тина денари по литар произведена ракија, за домашна употреба.
Повикуваме веднаш, тоа ветување кое што го давал на лозарите за време на предизборието да го исполни и овие луѓе да си ја добијат онаа сума на средства кои што ја имаат заслужено за продаденото грозје во тие винарии.Станува збор за луѓе кои што макотрпно работат и ја заслужуваат онаа скромна награда за својата макотрпна работа.
Бараме веднаш владата да се откаже од оваа намера да дополнително делува репресивно врз лозарите.
