Четири медали за Бугарија на Меѓународната олимпијада за географија во Индонезија
Бугарски ученици освоија четири медали на 19-тото издание на Меѓународната олимпијада по географија во Индонезија.
Младите се натпреваруваа со вкупно 177 учесници од 46 земји. Учениците поминаа тест, теренска работа и мултимедијален испит. Тоа е најпрестижниот натпревар по географија во светот.
Бугарските ученици освоија два златни и два бронзени медали. Златните медали ги добиja Денис Урумов, ученик од 91-ва гимназија по германски јазик „Проф Константин Г’л’бов и Михаил Паскалев, воспитаник на Математичката гимназиjа „Петар Берон“ во Варна.
Добитници на бронзени награди се Атанас Иванов од Националната научно-математичка гимназија „Академ Љубомир Чакалов“ и Александар Илиев од софиската математичка гимназија „Паисиј Хилендарски“.
Предводници на тимот се доц.д-р Димитар Желев, професор на Софискиот универзитет и Даниел Христов, наставник во Националната природно-математичка гимназија „Академ Љубомир Чакалов“.

