ЕКВАДОР ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА СЕ РЕЦИКЛИРААТ ВО ЗАМЕНА ЗА АВТОБУСКА КАРТА

//

Грижата за животната средина во Еквадор се исплаќа, барем за оние што користат јавен превоз во Гвајакил, најнаселениот град во Еквадрор, кој се смета за еден од најголемите во Латинска Америка. Тамошните жители може да ги заменат употребените пластични шишиња со пари за автобуска карта.

Гвајакил има население од 2,7 милиони жители и се смета за деловен центар на Еквадор, но и за најзагаден град во земјата кој произведува најмногу отпад.

Патниците кои користат јавен превоз од неодамна добија можност да разменуваат пластични шишиња за два цента по парче на посебен автомат што е поставен на централната станица во градот.

„Замислете, за 15 шишиња можете да купите карта“, вели патникот Кристијан Карденас.

„Ваквата опција е поекономична отколку продажбата на шишиња во центрите за рециклирање“, додава 76-годишниот пензионер Вашингтон Браво, кој вели дека на ваков начин заштедува од неговата скромна пензија.



Гвајакил произведува 4.200 тони отпад дневно, од кои се рециклираат само 14 проценти.

„Градот е корумпиран и валкан. Порано не беше вака“, се жали Браво.

Засега има само еден автомат за собирање шишиња, но Леополдо Фалкез, директорот за јавниот превозник „Метровија“, вели дека наскоро ќе бидат поставени машини на сите автобуски терминали во градот.

Извор: Макфас

Претходна статија

ПОТПИС ОД ТАЛАТ ЏАФЕРИ ГО СПАСИ АЛИМИ ОД ДЕНЕШНОТО СУДЕЊЕ ЗА „ТИТАНИК 3“

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ПРАВДАТА НЕМА ДА БИДЕ ЗАДОВОЛЕНА СЕ ДОДЕКА ЗАЕВ НЕ ОДГОВАРА ЗА СТОРЕНИОТ КРИМИНАЛ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да