| |

Елези на БРБ форумот 2018: „Инфраструктура за поголем раст“

Заменик министерката за финансии, Ширет Елези вчера учествуваше на форумот во организација на Бугарската развојна банка „Инфраструктура за поголем раст“ кој се одржа во Софија.

Една од темите на кои се говореше на форумот е потребата за изнаоѓање нови стратегии за финансирање проекти кои ќе го поддржат економскиот раст, при што потребно е да се препознаат иновативни начини за финансирање на инфраструктурата.

Таа на маргините на Форумот оствари средба со Герасимос Томас, претседател на Управниот Одбор на Европскиот фонд за стратегиски инвестиции (ЕФСИ), со Лаурент Зулберберг, претседател на Европската асоцијација на долгорочни инвеститори, како и со претставници на Министерството за регионален развој на Република Бугарија и со претставници на Бугарската развојна банка.

Од страна на Бугарската развојна банка беше истакнато дека заедно може да генерираме проекти со голем импакт кои ќе овозможат поврзување на пазарите. И двете страни беа согласни дека на овој начин ќе привлечеме европски инвеститори во развојни и долгорочни проекти.

– Постигнувањето на поголема економска интеграција помеѓу Македонија и Бугарија е најдобар начин за поврзување на пазарите, подобрување на економијата и помагање во процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан особено на Македонија во ЕУ, рече Илија Лингорски, главен економист на Бугарската развојна банка.

На Форумот заменик министерката оствари средба и со Естел Гогер тим лидер за Инвестицискиот план на Европа, координатор за ЕИБ и ЕБОР, со која разговараше за можноста за инвестирање во инфраструктурни проекти.

 

 

Слични Објави