Почна Дигиталниот самит во Скопје
Македонија денеска и утре е домаќин на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан, кој е првиот од серијата настани од овој тип што ќе бидат организирани на годишно ниво, а на кој присуствуваат премиери, владни претставници, бизнисмени, претставници на ЕУ, регионални оранизации и академската заедницата. Самитот официјално го отвори премиерот Зоран Заев кој прача дека овој собир ќе придонесе за земјите од регионот уште посило да се поврзат со новата технологија и да ја искористат за уште подобра и поцврста соработка. Во текот на двата дена ќе се разговара за намалување на цените на роамингот, сајбер безбедноста, зголемување на дигиталните вештини на граѓаните и меѓусебно дигитално поврзување на земјите од регионот. Една од иницијативите што треба да произлезе е заедничкото барање до Европската комисија за меѓусебно признавање на дигиталните сертификати, што значи дигиталните потписи и печати.