|

Eнес Исени кој беше убиен во „Шиша бар“ избегал од Холандија каде му се судело за убиство

Енес Исени, еден од двајцата убиени во „Шиша бар“ во старата скопска чаршија, избегал од судење за убиство во Холандија.

Холандските медиуми објавија дека Исени бил осомничен дека пред две години бил дел од убиство во Берген ан Зе, кога убиен бил Колумбиец во врска со продажба на „лажен кокаин“.

Исени бил еден од деветмината осомничени за убиството, по што избегал во Македонија.

Исеини заедно со Јетон Кривањева беа убиени на почетокот на месецот во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија.



Слични Објави