| |

Енрике Иглесиас приреди мегашоу во Софија пред над 30.000 обожаватели

„Ве сакам, Бугарија. See you soon.“ Со овие зборови мегаsвездата Енрике Иглесиас го заврши својот петти, најголем и најимпозантен концерт во Бугарија, јавува БГНЕС.

Националниот стадион „Васил Левски“ во Софија беше преполн со повеќе од 30.000 фанови кои во еден глас пееја со својот миленик.

Иглесиас изведе 19 песни, започнувајќи на шпански со „Súbeme la radio“ (2017). Следуваа „Freak“ (2014), „Chasing The Sun“ (2021), „Be with You“ (1996), „Heartbeat“ (2010), „Duele el corazón“ (2016) – дуетот со пуерториканскиот рапер Wisin, како и првиот голем хит „Bailamos“ од 1998 година.

На „Cuando Me Enamoro“ (2010) пејачот се пресели во средината на стадионот, меѓу публиката. Пред да продолжи со „Ring My Bells“ (2007), им се обрати на обожавателите на бугарски јазик со зборовите „Наздравjе“.

Во искрена интеракција со публиката, Иглесиас призна дека сака да пишува песни, го сака своето семејство, но и по некое пијалок за време на саботните вечери.

На еден од најголемите хитови „Hero“ тој повторно отиде средината на арената, а потоа продолжи со „El Perdón“ – дуетот со Nicky Jam, глобалниот суперхит „Bailando“ и за крај – „I Like It“.

Кон крајот на настапот стотици бели балони со иницијалите на пејачот – EI – се издигнаа кон небото, додека величествен огномет ја осветли Софија.

Ова е петти концерт на Иглесиас во бугарската престолнина. Последниот се одржа на 6 ноември 2018 година во „Арена Армеец“, како дел од турнејата All The Hits Live.



Слични Објави