|

Ердоган: Турскиот борбен авион ќе се вика „КААН“, тој е симбол на нашата иднина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турскиот борбен авион, познат како ТФ-Х, ќе се вика „КААН“.

„Турција сега е присутна на секое поле – на копно, на морето и под морето, во воздухот и во вселената“, рече Ердоган за време на настанот наречен „Векот на иднината“, организиран од Турската авијациска индустрија (ТАИ).

Авионот „КААН“ од петтата генерација го разви ТАИ со цел да ја замени застарената флота на турската војска Ф-16, јави Анадолија. Со ова летало Турција ќе стане една од петте земји кои имаат ваков тип на технологија, додаде Ердоган.

„Иднината е на небото“. Затоа денес велиме „иднината“,  рече Ердоган.

Денешниот ден го оцени како историски ден за Турција.

Авионот, за кој проектот започна во 2016 година, беше завршен во март.

Слични Објави