„ЕСПН“ ОТКРИ СО КОГО ДОНЧИЌ ЌЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР ВРЕДЕН 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ неодамна се повреди и ќе пропушти неколку меча на Далас маверикс, а се очекува да се врати на почетокот на 2020 година.
И додека многу љубители на НБА-лигата се грижат за тоа кога ќе се врати Словенецот, сепак повторно е актуелна приказната за неговиот договор со произведувач на спортска опрема.
Американскиот новинар на „ЕСПН“, Вил Кејн носи информација дека договорот е постигнат, а Дончиќ ќе облече „Ер Џордан“, патики кои ги произведува Најк, а словенечкиот кошаркар ќе добие дури 100 милиони долари.
Извор: Спорт1