Дваесет земји испраќаат нова воена помош за Украина

/

Дваесет земји ветија нова воена помош за Украина во нејзината битка против руски воени сили, објави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин по вториот состанок на Украиската контакт група. Данска се согласи да и обезбеди на Украина ракетен фрлач и ракети од моделот „Харпун“ за „да и помогне на Украина да го одбрани своето крајбрежје“, рече Остин на прес-конференцијата. Чешка се согласи да испрати „значителна поддршка“ за Украина, вклучително и „неодамнешна донација на хеликоптери, тенкови и ракетни системи“, додаде Остин.

Тој истакна дека севкупно, 20 земји „најавија нови пакети за безбедносна помош“, вклучително и „донирање на критично потребната артилериска муниција, крајбрежни одбранбени системи и тенкови и други оклопни возила“.

„Другите излегоа со нови обврски и најави за обука на силите на Украина и одржување на нејзините воени системи“, додаде Остин.

Вкупно 47 земји учествуваа на вториот состанок на контакт групата, рече претседателот на Здружениот Генералштаб, генерал Марк Мили.



Групата беше информирана од украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников за актуелната состојба на тримесечната војна.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

СПЦ го благослови барањето на МПЦ-ОА за автокефалност

Следна статија

(Галерија) Градот на солунските браќа сè уште го чува духот на св. Кирил и Методиј

Најново од Вести