|

СПЦ го благослови барањето на МПЦ-ОА за автокефалност

Поглаварот на СПЦ, патријархот г.г. Порфириј соопшти дека СПЦ го благословува барањето на МПЦ-ОА за автокефалност.

“Светиот архиерејски собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ ОА и Соборот го благословува и го одоборува барањето за автокефалност. Во исто време саборот донесе одлука заедно и во соработка со архиепископот Стефан да ги разработатиме сите технички детали и тогаш ќе следи свечено предавање на барањето, речен денеска патријархот Порфирие на заедничката литургија со МПЦ во Скопје.

Потоа ќе се известат сите православни цркви по канонскиот ред и поредок и ќе бидат повикани да го признаат автокефалниот статус на МПЦ-ОА.

-Сигурни сме дека сите други помесни православни цркви со радост ќе ја прифатат автокефалноста, рече Порфирие во храмот во Скопје.

Верниците и граѓаните присутни на литургија го отпоздравија обзнанувањето за автокефалност со аплауз во црковниот простор.



Слични Објави