Воен хеликоптер се приклучи во гаснењето на пожарот во Национален парк Рила
Во гаснењето на големиот шумски пожар што беснее во Националниот парк Рила се приклучи и воен хеликоптер, јавува БНР. Синоќа, во високите делови на планината се активираа нови жаришта, а целиот регион е силно зачаден.
Повеќе од 80 лица – припадници на противпожарната служба, вработени во Националниот парк и војници – се распределени на терен и активно учествуваат во гаснењето. Досега огнот зафатил над 500 хектари заштитена територија, а напорите за негово локализирање продолжуваат.

