| |

ЕУ: Македонија да продолжи со исполнување на договорот од Пржино и реформите

Европската унија од власта и од опозицијата на Македонија очекува да продолжат со исполнување на политичкиот договор од Прижино, а истовремено од земјата се очекува да работи на итните реформски приоритети и на враќањето на евроинтеграцискиот пат, велат извори од Европската комисија, јави Дојче веле.

Ова е содржано во документите кои ги изготвува ЕУ за претстојниот период, кои во моментов се во „интерна работна фаза“.

– Само така Европската комисија ќе може да препорача отворање на пристапните преговори, предупредуваат во ЕУ.

Европските претставници од земјата очекуваат и продолжување на зајакнување на односите со соседите. (Прочитајте го целиот напис овде)



Слични Објави