| |

ЕУ одобри 21,5 милиони евра помош за земјоделците во Бугарија, Естонија и Унгарија

Земјите членки на ЕУ го одобрија предлогот на Европската комисија за мобилизирање на 21,5 милиони евра од земјоделскиот резерв, како поддршка за земјоделците во Бугарија, Естонија и Унгарија погодени од неповолни временски услови во текот на 2025 година, јавува БНТ.

Од вкупната сума, Бугарија ќе добие 7,4 милиони евра, Естонија 3,3 милиони, а Унгарија 10,8 милиони евра. Поддршката е вонредна и може да биде дополнета со до 200% од националните средства.

Штетите се резултат на суши, топлотни бранови, мраз и нестабилни временски услови, кои значително го намалија приносот на земјоделските култури во трите земји.

Националните власти треба да ја распределат помошта до 30 септември 2026 година и да овозможат средствата да стигнат до земјоделците. Тие ќе мора да ја информираат Комисијата за критериумите за распределба, очекуваното влијание и мерките за избегнување нарушување на конкуренцијата и прекумерната компензација.



Слични Објави