|

ЕУ ПОВИКУВА НА ПРЕКИН НА ОГНОТ МЕЃУ ВАШИНГТОН И ТЕХЕРАН

Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лаеин повика на итно запирање на употребата на оружјето во конфликтот меѓу САД и Иран и за продолжување на дијалогот меѓу двете држави, пренесува Ројтерс.

„Употребата на оружјето мора да запре со цел да се отвори патот за дијалог. Повикавме да се направат сите напори за продолжување на разговорите меѓу Вашингтон и Техеран. Ние воспоставивме односи со многу играчи на Блискиот исток и пошироко, со цел да ја деескалираме ситуацијата “, рече претседателот на ЕК.

Слични Објави