|

ЕУ СО ИТНА ОНЛАЈН СРЕДБА ПОСВЕТЕНА НА ИЗРАЕЛСКО-ПАЛЕСТИНСКИОТ КОНФЛИКТ

Министрите за надворешни работи на ЕУ во вторник ќе одржат вонредна видео конференција, посветена на ескалацијата на борбите меѓу Израел и Палестинците, соопшти високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел.

– Со оглед на континуираната ескалација меѓу Израел и Палестина и неприфатливиот број цивилни жртви, свикувам итна видео конференција на министрите за надворешни работи на ЕУ во вторник, напиша шефот на ЕУ дипломатијата на Твитер.

– Ќе се координираме и ќе разговараме за тоа како ЕУ може најдобро да придонесе за ставање крај на актуелното насилство, објасни дипломатот.



Слични Објави