ЕУ за украинскиот пробив во рускиот регион Курск: законско право на заштита
„Украина има законско право да се брани себеси, ова го изјави денеска портпаролот на Европската служба за надворешни работи, во врска со украинската офанзива во областа Курск во Русија, пренесува Фактор.
Тој истакна дека според меѓународното право, Украина „има законско право да се брани, вклучително и со удари против агресорот на неговата територија“.
„ЕУ продолжува целосно да го поддржува легитимното право на Украина да се брани од руската агресија, како и нејзините напори за враќање на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“, рече Стано.

