ЕВЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ИЗВРШЕНА ПРВАТА ИСПЛАТА НА ПОВРАТОТ НА ДДВ
Првата исплата на повратот на ДДВ ќе биде меѓу 1 и 15 следниот месец, за скенирани фискални сметки во првиот квартал од примената на мерката, односно јули, август и септември, најави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
Ќе се доделуваат 10 дневни парични награди во износ од 1.000, 2.000 и 3.000 денари, како и 15 месечни и две главни награди.
Вкупната сума по основ на поврат на ДДВ за првиот квартал изнесува три милиони евра, односно по 60 милиони денари за јули, август и септември. Паричните награди ќе се исплаќаат на сметката што е пријавена при симнување на апликацијата.
