„ЕВЕ РАЗМИСЛУВАМ И ВИСТИНА НЕ ЗНАМ ШТО МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ЗА ДА СМЕ ТРЕТИ ВО ГРУПАВА“
И на ЕВРО 2020, како и на неколку големи натпреварувања претходно, експертско око на Спорт1 ќе биде Стевче Стефановски некогашниот селектор на македонската репрезентација и долгогодишен голман, преходно. Стефановски ќе биде стручен аналитичар по секој натпревар на Македонија за да ни долови што чини, што не чини и што треба поинаку. Пред Македонија да го отвори ЕП, со вечерашниот натпревар против Украина, од него генерален поглед на групата, противниците и на нашите шанси за пласман понатаму.
Без две подготвени одбранбени варијанти – тешко нас
Имаме, на изглед, многу неатрактивна изглед, ама опасна, најмалото опуштање може скапо да нè чини. Мислам дека апсолутно не треба да стане збор за пласман во вториот круг. Јас верувам во тоа, сепак, сакам прво да ја видам нашата репрезентација како изгледа на терен, како се однесува па потоа да разговарам подетално. Од подготвителниот период не сум задоволен од тоа што го видов, некако не ми делуваа ни воиграно и рутинирано. Имаа и кратко време за тоа, 7-8 дена репрезентацијата е комплетна, во полн состав, но да го оставиме зад нас тој период. Сè што сме пропуштиле нека биде мотивација за подобар настап на ЕП.
Во одбрана ќе ни биде тешко без Велко, е сега како ќе најдеме замена во овој краток период, дали со повеќе играчи кои ќе ротираат на неговото место или промена на одбранбената формација…. Ако немаме подготвено барем две одбранбени формации, ама кога велам подготвено да биде навистина подготвено – ќе ни биде многу тешко!
Имаме една од најлесните групи
Стартот е денеска со Украина, а таа не е наивен противник. Сме гледале настапи на нивните ракометари во СЕХА-лигата, знаеме дека се опасна репрезентација. Затоа не смееме да ги потцениме, но пак ќе речам, поважно треба да ни биде какви сме ние и до каде сме.
За останатите, Австрија домаќин, се очекува да има предност публика, домашен терен, судии. Чесите секогаш се незгодни, имаат добри играчи кои играат и во Бундеслига и во Франција, имаат материјал за големи натпревари, но ќе видиме во какво издание ќе бидат. Европско првенство е ова, нема слаби репрезентации, нема егзотични противници, како на светско. Можеби ја имаме ако не најлесната, една од најлесните групи. Еве размислувам и на вистина не знам што треба да се случи за да бидеме трети и да не продолжиме во втората фаза.
Извор: Спорт1

