ЕВЕРТОН ДЕМАНТИРА: НЕМАМЕ ДОГОВОР СО КАРЛО АНЧЕЛОТИ

Во текот на вчерашниот ден се појавија бројни информации дека Карло Анчелоти се наоѓа во Ливерпул и е пред договор да седне на клупата на Евертон.

Премиерлигашот ги демантираше овие шпекулации со официјално соопштение.

„Во овие 11 дека откако Марко Силва си замина од менаџерската позиција, бордот на Евертон работи кон ангажирање на нов менаџер и веќе имаше состаноци со голем број кандидати. Можеме да потврдиме дека досега на никого му немаме понудено договор, ниту пак некој менаџер ја одбил понудата на Евертон“, стои во соопштението на „карамелите“.

Карло Анчелоти минатата недела беше отпуштен од Наполи, а силно е поврзуван и со испразнетата клупа во таборот на Арсенал.

Извор: Спорт1

Слични Објави