ПОЖАР ВО ПЕЧАТНИЦАТА „КИРО ДАНДАРО“
АД печатница „Киро Дандаро“-Битола информира дека синоќа по 22 часот во еден од магацините на фабриката се случил незначителен пожар и без последици.
50 литарско буре со етил алкохол ја предизвикало синоќешната експлозија во битолската печатница „Киро Дандаро“, тврди директорот Драги Милошевски.
Нема повредени, а предизвикана е незначителна материјална штета.
Работниците од трета смена ги повикале противпожарните екипи, а до нивното пристигнување, со противпожарни апарати сами го гаснеле огнот.
Од ТППЕ од Битола велат дека добиле дојава во 22,20 за пожар во печатницата Киро Дандаро и 2 возила со 6 пожарникари се упатиле кон објектот.
Печатницата Киро Дандаро е позната по тоа што ги печати изборните материјали во сите изборни циклуси години наназад.