ИСКАЗИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ 2“
Пратеничката и потпретседателка на Собранието Фросина Ташавска-Ременски денеска ќе дава исказ во Јавното обвинителството, а во врска со истрагата за случајот со работењето на „Меѓународниот сојуз“, односно во јавноста познат како случај „Рекет 2“.
Ременски јавно изјави дека по увидот што го направила во случајот, не видела докази против неа. Покрај Ременски, во својство на осомничена вчера во Обвинителството даде исказ и Јасна Мандиќ. Во овој случај, исто така, осомничени се и Миле Јовановски, татко на Бојан Јовановски, и Христина Блажевска. Обвинителката Вилма Русковска, која го води случајот „Рекет“, пред неколку дена изјави дека очекува во јануари да биде поведено обвинение и за случајот со „Меѓународниот сојуз“.

