| |

Еврокомесарката Албукерк во дводневна посета на Бугарија

Еврокомесарката за инвестиции Марија Луиш Албукерк, денес пристигнува во дводневна посета на Бугарија, соопштија од претставништвото на Европската комисија.

Во рамките на посетата, Албукерк ќе се сретне со министерот за финансии Теменужка Петкова и со гувернерот на Бугарската народна банка, Димитар Радев.

Предвидени се и разговори со претставници на специјализирани органи и институции од финансискиот, банкарскиот и осигурителниот сектор, како и со организации на работодавачи, синдикати и здруженија на потрошувачи.

Главен акцент на разговорите ќе биде зголемувањето на конкурентноста во контекст на иницијативата за нов Сојуз на заштеди и инвестиции.

Слични Објави