Еврокомесарката за проширување Марта Кос во работна посета на Бугарија
Европскиот комесар за проширување Марта Кос утре, на 17 април, ќе биде во официјална посета на Бугарија, јавува БНР.
Кос ќе одржи говор на форумот „ЕУ ги среќава Балканите“, кој ќе се одржи во Софија и ќе собере европски лидери, министри за надворешни работи, политичари, претставници на невладиниот сектор и младинци, кои ќе дискутираат за регионалната соработка, интеграцијата на регионот и проширувањето на ЕУ.
Марта Кос ќе се сретне со бугарскиот премиер Росен Желјазков и претседателот Румен Радев.

