Европратеникот Кристијан Сагарц се сретнал со претставници на бугарската заедница во Северна Македонија
Европратеникот од Австрија Кристијан Сагарц, кој е и известувач во сенка за Република Северна Македонија во Европскиот парламент се сретнал со претставници на бугарската заедница во земјава.
На средбата се разговараше за говорот на омраза кон луѓето со бугарска самосвест, кон бугарските здруженија, нападите врз Бугарите на социјалните мрежи, намерните тешкотии што ги создаваат институциите на бугарската заедница, информираат учесници на средбата, претставници на бугарски здруженија во РС Македонија .
Средбата завршила со ветување од страна на Кристијан Сагарц дека ќе им го пренесе разговорот со претставниците на бугарската заедница во Северна Македонија на неговите колеги од Европската народна партија.