| |

Европските лидери: За мирот во Украина не може да се одлучува без Украина

Лидерите на Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Полска, Финска и претседателката на Европската комисија објавија заедничка изјава во која нагласуваат дека патот кон мирот во Украина мора да го вклучува Киев. Тие истакнуваат дека секое дипломатско решение треба да ги заштити клучните безбедносни интереси на Украина и Европа, вклучително и силни безбедносни гаранции за одбрана на украинскиот суверенитет и територијален интегритет.

Лидерите повторија дека меѓународните граници не смеат да се менуваат со сила и дека сегашната линија на контакт треба да биде основа за преговори, кои можат да започнат само по прекин или намалување на непријателствата. Изјавата беше објавена во пресрет на планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин на 15 август во Алјаска, на која ќе се разговара за завршување на војната.

Слични Објави