ФАШИЗАМ Е…

Едно мое видување за патриотските антифашисти, од чии постови и коментари не само што Македонија нема никаква полза, туку со нивно педантно евидентирање и архивирање, истите мошне вешто користат и служат за оправдување на постапките против Македонија.

Имено, што е фашизам?

Фашизам е кога цел еден соседен народ го нарекувате „фашистички“. Фашизам е кога се навредуваат мајките, бабите, сестрите на етничка основа. Фашизам е кога на стадион пеете и посакувате смрт и гасни комори за 30+% од сограѓаните и цели народи од други две соседни држави. Фашизам е кога ги нарекувате одродени предавници и северџани половина од припадниците на сопствениот народ. Фашизам е кога идентитетската посебност ја барате и докажувате преку генетика и митологија. Фашизам е кога 10 години навивачки заземавте страна во војните во СФРЈ и на тој начин индиректно оправдувате етнички чистења, за да потоа ги нарекувате фашисти- зликовци оние кои го бомбардираа таквиот фашистички режим. Фашизам е кога после првиот посериозен успех во фудбалот, им кажувате на Германци, Французи, Англичани, Шпанци, Италијанци, Скандинавци дека сте ги описмениле(?). Фашизам е кога за испеана песна или искажан став за историско прашање, етикетирате и му го одземате правото на некого да се нарекува Македонец, додека весело пеете 95% песни на друг јазик туѓ. Фашизам е кога мразите на религиска основа, кога поистоветувате религија и етничка припадност, и тн., и тд. Всушност и незнам дали сево ова е фашизам или идиотизам. Не е толку постот. Има и за тоа што е патриотизам.

loading...

Fb статус на Благоја Здравковски


loading...