НЕ ЈА БАРАЈТЕ ВИНАТА ЗА ВАШИТЕ НЕУСПЕСИ ВО „ ФРИГИДНАТА КУЧКА ЗАХАРИЕВА“
„Датумот кога Бугарија спречи да почнеме преговори со ЕУ треба да се запамти. Да се раскажува на деца и внуци кој ни направил зло кога ни било тешко. Дури и сѐ да заврши добро, нека се знае кој ни бил пријател, а кој не. Да се знае дека за нашиот успех на Бугарија ништо не ѝ должиме. Оти, во моментот кога имале шанса не само што не помогнале, туку направиле сѐ да не успееме“. Горан Михајловски, „Буууу-гарија“ 20.11.2020 г. СДК.МК.
Читајќи ги овие редови, се сетив на еден многу драг за мене момент. Седев со жена ми и некои блиски луѓе на кафе, а на една или две маси до нас седеше со друштво г-нот Михајловски. Моето омилено македонско перо. Станав отидов до неговата маса се извинив и со сиот памет го замолив да се сликаме. За мене тој беше како филмска ѕвезда. Многу пати со мојот мил другар Саше си ги читавме на глас неговите маестрални колумни полни со сарказам и иронија… Сме се смееле од срце на забавниот начин на кој според мене добриот пишувач, успевал во тоа време да ја долови целата трагикомична реалност, која не’ заобиколувала…
Во тоа време јас бев перспективен општ градежен работник во Обединетото кралство, кој успеал да се допре барем на неколку минути до еден од своите омилени колумнисти…
Разочаран сум!
Нема да им раскажувам на внуците, дека некогаш во убавото Скопје сум се сликал со Горан Михајловски, според мене мајстор на сарказмот и иронијата.
Нема да им раскажувам на моите внуци исто така дека во Македонија е нормално сиот бес да го исфрлиш врз други народи, без разлика дали се викаш Миленко Неделковски или Горан Михајловски… Оти како што гледам разлика нема.
Господинот Михајловски се фрли во одбрана на Заев и неговата команда. Бугарите се тие кои ќе треба да бидат запишани како наши најголеми непријатели. Тие маму им јебем, треба да бидат мразени и од нашите внуци, оти не ни дозволиле, барем да пробаме да се европеизираме во ЕУ.
Г-не Михајловски, Бугарите не се криви за тоа што од клошари „чии жени, мајки, сестри се ебеле за две червени“ со вонсериските ебачи од југословенска Македонија, се претворија во пречка за истите тие ебачи да се европеизираат. Грешката е во водствата што си ги гласале ебачиштата, не ја барајте на друго место. Не барајте амнистија за криминалната неспособност на Заев и на сите пред него. Така е најлесно, Бугарите се криви и супер што му текна на Заев да ја легализира марихуаната… Ајде да не си ја потценуваме интелигенцијата…
Знам дека е супер удобно на нашите грешки да им дадеме туѓи презимиња како Каракачанов и Захариева, ама тоа нема да смени ништо од реалноста, со која вие многу добро сте запознаен. Јас би им предложил на горенаведените да ве наградат за тоа што помагате за зачувувањето на еден куп митови, заради кои Македонија продолжува да тапка во место, наместо да тргне напред. Најголем ќар од вашиот титовистички фанатизам имаат токму црните ѓаволи Каракачанов и Захариева. „Фригидната кучка Захариева“, како што ја нарече вашиот колега и другар по идеологија Зоран Иванов.
Знаете ли, веќе отрпнав на она Бугари-фашисти, Бугари-фашисти што се повторува од паметните глави како вас, речиси секој ден во последно време. Постјугословенскиот македонизам мора да има непријател за да опстане. Мора некој да биде запишуван со црни букви, затоа што ние немаме кандидати кои да бидат запишани со златни. Вие сте свесен за таа наша беда и ниту една дебилна приказна за чорапогашти и д’вки не може да ја облажи. Затоа запишете слободно, нека и нашите внуци да знаат дека Бугарите се гнаси кои ни закачиле нож у грб баш кога требало да ни помогнат.
Бугарите никогаш не ви биле браќа г-не Михајловски, немојте и вие да влегувате во таа лажна разочараност како колегата „дисидент“ Ерол Ризаов. Искористете ги вашите пет минути за да го покажете сиот ваш бес, заради фактот што Бугарите веќе не се „Мексиканци“, а вие вечните титовисти сте далеку од „Американци“…
Барајте ја вината за неуспесите на Македонија кај нејзините управници. Не ја префрлувајте на друг. Ако навистина вие Југословените бевте Американци, зошто дозволивте да паднете толку ниско и денес од Бугарите фашисти да ви зависи европеизацијата?
Ви посакувам здравје и истрајност во борбата. Вашата идеологија ќе ја сотре биологијата, колку и да се трудите омразата да ја префрлите од 20-ти во 21 век, и да успеете, успехот ќе ви биде на млитави нозе. Тоа го знаете и тоа ве тера да паѓате во многу страшен делириум.
Ве жалам… не дека ви е важно, ама нека остане запишано…
Автор: Атанас Величков