Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, се враќа од одмор во среда, велат од обвинителството за организиран криминал за ТВ Сител.
Од обвинителството најавија дека сите инволвирани во случајот „Рекет“ ќе бидат повикани на распит, вклучувајќи ја и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но не откриваат кога тоа точно ќе се случи.