Федерацијата на фармери со барања и препораки пред почетокот на жетвата
Националната федерација на фармери на самиот почеток на жетвата бара минималната цена на пченицата да биде 13 денари по килограм, а доколку производната цена е повисока од откупна да се постапи согласно Законот за земјоделство и рурален развој, односно да се спроведе интервентен откуп.
На ваков начин, како што посочува Федерацијата, ќе се заштитат малите производители на пченица кои во најголем дел ја произведуваат пченицата, односно од вкупно 105.061 земјоделски стопанства, 104.853 се земјоделци кои произведуваат пченица на површина од два до четир хектари, а 208 се деловни субјекти.
Од Федерацијата бараат и зачестени контроли на откупните пунктови посебно во делот на издавање на кантарни белешки, склучување договори и почитување на берзанските откупни цени на пченицата. Целиот напис можете да го видите овде.
Извор: Zoom. mk