ФИАТ СЕ ЗАБИ ВО ВОЗИЛО НА ДХЛ – НА МЕСТОТО НА НАСТАНОТ И ДВАЕСЕТИНА СПЕЦИЈАЛЦИ

//

Автомобил „фиат“ удри во возило на ДХЛ на улицата „Скупи“, а на местото на настанот има околу 20 специјалци, според неофицијални информации. Улицата е блокирана за сообраќај додека екипи на МВР вршат увид, ни потврдија од министерството за внатрешни работи.

– Сообраќајката е пријавена во 7.30 изутринава, помеѓу возило „фиат“ и „фолксваген“, и двете со скопски регистараски таблички, и поради тоа сообраќајот беше прекинат – изјави Ивица Илиевски од МВР.

Постојат сомнежи дека се работи за грабеж, а според друга верзија, специјалците наводно, случајно се нашле на местото на настанот.





Претходна статија

(ВИДЕО) ГДУ: КАКО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП ГИ ИСПОЛНУВА СВОИТЕ ВЕТУВАЊА

Следна статија

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВНИОТ СУД ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО АМБАСАДОРОТ НА ХОЛАНДИЈА

Најново од Вести