ФИФА ГО КАЗНИ РАКУБ
ФИФА му забрани на шефот на палестинската фудбалската федерација Сибрил ел Ракуб да присуствува на фудбалски натпревари во текот на една година. Таквите санкции се изречени поради фактот дека во јуни оваа година, тој ги повика муслиманите да палат слики, постери и маици со ликот на напаѓачот на “Барселона” и националниот тим на Аргентина Лионел Меси ако тој учествува во еден од пријателските натпревари со Израел.
Ракуб учествуваше во демонстрациите во палестинскиот град Рамалах во близина на канцеларното претставништвото на националниот тим на Аргентина и ги повикуваше аргентинците да се откаже од мечот.
Подоцна натпреварот, кој требаше да се одржи на 9 јуни во Ерусалим, беше откажан. Аргентинската фудбалска асоцијација одби да учествува во мечот поради политичката ситуација, заканите и стравот од провокации.
Дисциплинската комисија на ФИФА го обвини Ракуб за поттикнување на омраза и непријателство. На Ракуб му е забрането во текот на следните 12 месеци да учествува во било каков вид на натпревари, како и посета на стадионите во својство на службено лице. Тој, исто така е казнет со парична казна од 20.000 швајцарски франци.