| |

МЕРКЕЛ ИСПЕА ПЕСНА ПРИ ПОСЕТАТА НА ГРУЗИЈА

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината посета на Тбилиси ја испеа својата омилена германска народна песна Wir lieben die Sturme („Ние ја сакаме бурата”) заедно со грузискиот хорски ансамбл „Швидкаца”, објавуваат грузинските медиуми.

Премиерот на Грузија Мамука Бахтадзе за време на гала вечерта и подарил на Меркел слика на XVII век, исчезната од музејот на Дрезден. Оваа слика во 1945 година наводно била транспортирана во СССР. Како потоа платното се нашло во рацете на грузиската влада е непознато.

Претходно беше објавено дека за време на нејзината посета на Грузија, Меркел планира да разговара со лидерите на опозициските партии во земјата, како и со учениците и студентите на Државниот универзитет во Тбилиси. Потоа германската канцеларка ќе замине во Ерменија и Азербејџан.

Слични Објави