| |

ЕРДОГАН ГО ОЧЕКУВА ПУТИН НА ПОСЕТА

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, на средбата со рускотот претседател Владимир Путин му пренесе поздрави од Реџеп Таип Ердоган, истакнувајќи дека го чекаат во Турција.

„Вашиот драг пријател Ердоган Ви упати поздрав и најдобри желби и Ве чека на посета во Истанбул, сте договориле посета на рибен ресторан” – рече Чавушоглу.

Путин и Ердоган се состанаа во јули на самитот на БРИКС. Тогаш Путин на Ердоган му вети дека ќе ја прифати поканата за во ресторан кога Русија ќе започне со извоз на говедско месо во Турција.

 

 

Слични Објави