ФИЛИПЧЕ: ДАЛИ ЌЕ ИМА НОВИ МЕРКИ ЗАВИСИ ОД УТРЕШНИТЕ БРОЈКИ НА ЗАРАЗЕНИ

//

За време на викендот имаше намалување на бројот на новопримени пациенти во сите болнички установи во Скопје и ширум државата споредено со крајот на минатата недела, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче

Посочи дека денешната бројка на новодијагностицирани е околу 300, но тоа, како што вели, е очекувано, бидејќи секогаш во недела има помалку направени тестови.



„Утрешниот ден ќе биде навистина некаков репер дали тој тренд на намалување на новодијагностицирани што беше и траеше во текот на изминатата недела ќе продолжи, нешто што е многу значајно и во однос на тоа како ќе пристапиме во делот на препорака за натамошните превентивни мерки, така и во делот на планирање на болничките капацитети“, рече Филипче.

Претходна статија

СЛОВЕНИЈА ГО УКИНА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Следна статија

ПОЧНА ВАКЦИНИРАЊЕТО НА НОВИНАРИТЕ И МЕДИУМСКИТЕ РАБОТНИЦИ

Најново од Вести