ФИЛИПЧЕ ИМ ОДДАВА ЧЕСТ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ СЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА СИТЕ НАС И СЕ БОРАТ ЗА СЕКОЈ ЖИВОТ

/

На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа им оддавам чест на сите мои колеги здравствени работници кои се во првите борбени редови против коронависусот. Тие несебично се грижат за сите нас и се борат за секој живот, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче, пренесува Плусинфо.

Тој им порачува на здравствените работници да бидат особени внимателни на работните места.



Граѓаните секогаш да носат заштитна опрема, да имаат навремена и искрена комуникација со своите лекари. Безбедната и здрава средина е важна за секое работно место. Во услови кога светот се бори со коронавирусот е повеќе очигледно дека мерките за безбедност можат да спасат многу животи. Апелирам уште еднаш до сите работодавачи и работници целосно да ги спроведуваат протоколите за безбедност, посочува Филипче

Претходна статија

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ИМ ДАВА 60.000 ФУНТИ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ ПОЧИНАЛЕ ОД КОРОНАВИРУС

Следна статија

РАСТЕ БРОЈОТ НА ПРЕСТРЕЛКИ ВО ШВЕДСКА И ПОКРАЈ АКЦИИТЕ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО И ПАНДЕМИЈАТА

Најново од Вести