ФИЛИПЧЕ: НАГРАДА ОД 20% ЗА ДВА МЕСЕЦА ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

/

Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален фејсбук профил соопшти дека Владата предвидува награда од 20 проценти од основната плата за два месеца за здравствените работници, пренесува Плусинфо.

Тука, посочува Филипче, се вклучени докторите и медицинскиот персонал на Клиниката за инфективни болести, инфективните одделенија, Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како и сите членови на тимовите од итна медицинска помош.

„Благодарност за најизложените здравствени работници во борбата против ковид-19“, пишува Филипче.





Претходна статија

ДЕВОЈЧЕ И ЖЕНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ КАТЛАНОВО

Следна статија

СЕ ПРОДОЛЖУВА ПЕРИОДОТ НА ПРЕСТОЈ НА СТРАНЦИ

Најново од Вести