| |

ФИЛИПЧЕ НЕ ИСКЛУЧУВА ВОВЕДУВАЊЕ РЕСТРИКЦИИ

Засега во ниту еден град во земјата не се исполнети условите за ограничување на движењето, но ако се одлучи дека тоа може да има ефект, предвид доаѓаат и такви мерки, вели министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека ситуацијата се следи и дека болничките капацитети во моментов не се загрозени и секаде има слободни кревети.

Досега се одржани повеќе состаноци со Комисијата за заразни болести, а анализата за трендот на Ковид-бројките треба да заврши следната недела, кога ќе биде соопштен и ставот по ова прашање:

„На почетокот на следната недела ќе го кажеме ставот согласно анализата. Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но воопшто не ја исклучувам можноста од такво нешто“, истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања по посетатата на локацијата на која е во тек изградба на нова поликлиника во Сарај.



Слични Објави