ФИЛИПЧЕ: НЕ ПРАВЕТЕ ЗАЛИХИ, ЛЕКОВИ ИМА ДОВОЛНО

Министерот за здравство, Венко Филипче повторно апелираше до граѓаните да не купуваат лекови непотребно и да прават залихи во своите домови, бидејќи лекови на рецепт на товар на Фондот за здравство има во доволни количини.

Филипче ги повика граѓаните да ги применуваат стручните препораки на матичните лекари за зачувување на здравјето и да користат телефонска и електронска комуникација со здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба.

„Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствени систем, а со тоа и сите нас како граѓани на РСМ“, порача Филипче.