ФИЛИПЧЕ: НОВИОТ БРАН НА КОВИД-19 ЌЕ ГО ПРЕЧЕКАМЕ ПОПОДГОТВЕНИ
Се подготвуваме за новиот бран на вирусот наесен и ќе го пречекаме поподготвени за да го заштитиме здравјето за граѓаните, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
„Ќе ги опремиме, сите одделенија за интензивна нега со модерна опрема, кревети, респиратори, дигитални рендген апарати, ехо апарати и се друго што е потребно за да се пружи соодветна здравствена заштита“, додаде Филипче.
