ФИЛИПЧЕ: СЛАВИТЕ ПОМИНЕТЕ ГИ САМО СО НАЈБЛИСКИТЕ, ДА НЕ СЕ ГРУПИРАМЕ ПО ДОМОВИТЕ

Министерот за здравство Венко Филипче упати апел до граѓаните да не се групираат на масовно славење на претстојните слави и празници.

loading...

„Славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските. Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на COVID-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски. Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас“, напиша Филипче на Facebook.

Бројот на активни случаи на COVID-19 во државава достигна 14.661, откако вчера беа регистрирани уште 1.285. Ширум клиниките и болниците се хоспитализирани над 900 лица.



loading...

Како што информираа вчера од Министерството за здравство, новозаболените 1.285 се од направени 3.404 тестирања. Битката со вирусот ја изгубија уште 14 лица, а оздравеа 176. Од новорегистрираните најмногу – 522 – се во Скопје, каде има и најмногу активни случаи – 6.732.